„ЕМИТЕР” Февруари 2005
Звонко Марковски

Фотонапонски системи за производство на сопствена струја

Вовед

Во овие зимски денови, кога сметките за потрошената електрична енергија предизвикуваат сериозни потреси во буџетите на секое семејство, особено ако се грее со термо печки, се поатрактивна се покажува можноста да се дојде до некој киловат час бесплатна енергија. Затоа, се поголем е интересот за вградување готови фотонапонски комплети, чие поставување е лесно и едноставно, а со нивното користење во куќа или викендица станувате независени од електро дистрибутивната мрежа, и незаинтересирани за висината на цената на еден киловат час.
Уште повеќе, викендица или куќа опремена со доволно издашен фотонапонски комплет со високо капацитетни акумулатори, меже да ви осигура целосна електрична независност. Секако, ова е можно само доколку се вгради поголем систем со фотонапонски панели (и винд генератори за ветровити места), акумулаторска банка на батерии со голем капацитет и соодветен инвертор кој ќе овозможи стандарден напон од 220 V/50 Hz.
Но, за почеток на каков и да било поамбициозен проект во светот на соларната технологија, секогаш треба да се започне со готови комплети во кои стручните лица однапред ја определиле оптималната комбинација на фотонапонски панели, регулатори на полнење, акумулатори, инвертори и моќноста на приклучените уреди.
Во развиените земји во светот, со години наназад, се спроведува државна стратегија за поттикнување и развој на алтернативните извори на енергија. Државата партиципира во покривање на дел од трошоците за вградување на опремата за алтернативно електрично напојување, или го стимулира производството оваа т.н. “зелена струја” преку нејзин откуп по цена која е и до три пати повисока од цената на класично добиената електрична струја.
Во Македонија, во отсуство на каква и да било долгорочна државна стратегија за развој на алтернативните извори на енергија, фирмата Сието од Скопје веќе пет години врши сопствен развој на комплетни системи за производство на електрична енергија добиена од сонце и од ветер.
Овој развоен период резултираше со финализација со повеќе типови комплети за алтернативно електрично напојување наменети за професионална и за комерцијална употреба. Опремата од професионалната програма на овој производител веќе неколку години ги напојува со електрична енергија уредите на Македонски телекомуникации, Мобимак и други помали стопански субјекти во дваесетина локации во Р Македонија. Фотонапонските комплети од комерцијалната програма се покажаа како многу погодни за задоволување на потребите со електрична енергија на викенд куќи и помали домаќинства каде што напојувањето со струја е со чести прекини или воопшто го нема.

Алтернативни системи за напојување

Во принцип, системите за напојување, независно дали се составени само од фотонапонски панели или се во комбинација и со винд генератори, можат да бидат поврзани и синхронизирани со постоечката електро дистрибутивна мрежа grid tie (грид - тај), или можат да бидат самостојни и независни stand alone (стенд алоун).
Бидејќи во Македонија законската регулатива се уште не дава можност Електростопанство да ја откупува оваа т.н. ”зелена струја, во продолжение ќе разгледаме неколку типови stand alone готови комплети за производствона електрична енергија.

Stand alone системи

Stand alone инсталациите се фотонапонски системи (или комбинирани системи со фотопанели и винд генератори) кои овозможуваат автономно напојување со електрична енергија во ситуации кога приклучувањето на електродистрибутивниот систем на Електростопанство е скапо, или е невозможно. Во овие системи произведената струја од фотонапонските панели се складира во акумулатори. За да се обезбеди оптимално полнење на акумулаторите во системот се вклучува и регулатор на полнење (т.н. реглер). Малите системи обично се состојат од 1 или 2 фотопанела, кои преку регулаторот ги полнат акумулаторските батерии. Батерискиот напон од 12 V директно се користи за напојување на потрошувачите кои се предвидени за овој напон на напојување - високо ефикасни флуо светилки, радио и ТВ приемници и сл.
Поголемите системи содржат повеќе панели и имаат поголем капацитет за производство на електрична енергија, па во системот се вклучува и инвертор кој еднонасочниот батериски напон го трансформира во наизменичен 220V/50Hz со кој се напојуваат стандардните куќни уреди.

Фотонапонски панели

Фирмата Сието нуди два типа високо ефикасни фотонапонски (PV) панели за вградување во системите:

· модел PW, со ќелии од поликристален силициум, со минимална ефикасност поголема од 14%, и

· модел HT со ќелии од монокристален силициум, со минимална ефикасност поголема од 17%.

Декларираната моќност на панелите се добива при сончева инсолација од 1000 W/m2. Излезниот работен напон при максимална моќност е 18 V, додека напонот на отворена гранка е 20,5 V. Струјата на куса врска е многу блиску до работната струја и е само до 10 % поголема од неа.Поради ова фотонапонскиот панел треба секогаш да се поврзува на акумулаторските батерии преку соодветен регулатор.
Ќелиите од двата типа фотопанели се вградени во алуминиумска рамка, покриени се со специјално калено стакло и се отпорни на атмосверски влијанија (снег, дожд и град). Панелите се проектирани да издржат удари на ветер до 160 Km/h и имаат фабричка гаранција од 25 години.

Регулатори на полнење

Во системите за алтернативно напојување за регулација на напонот и струјата на полнење на акумулаторските батерии се вградуваат регулатори на полнење, тип SR (СР). Овие регулатори се целосно развиени и изработени во Сието. СР регулаторите се од најновата генерација, со МППТ (MPPT - maximum power point tracking) алгоритам на работа, кој е хит во светот во последниве две години. Работат на принцип на импулсно-ширинска модулација, имаат температурна компензација и со помош на МППТ алгоритамот на работа ја зголемуваат струјата на полнење на батериите до 30% повеќе во однос на класичните регулатори на полнење. Исто така овие регулатори ги заштитуваат фотонапонските панели од протекување на реверзна струја (која би протекла од батериите кон панелите) и која може да ги оштети кога нема сончева инсолација. Техничките карактеристики на регулаторите од СР серијата прикажани се во табела1.

Акумулаторски батерии

За акумулирање на електричната енергија произведена од фоотопанелите, фирмата Сието во системите ги вградува високо квалитетните dryfit gel (драјфит гел) батерии ,безодржувачки и специјално наменети за фотонапон. Моделот батерии Solarblock SB со номинален напон од 12V е достапен со капацитети во распон од 7,5 do 180 Ah.

Инвертори

Во поголемите системи се практикува еднонасочниот батериски напон да се трансформира во стандарден наизменичен напон 220V/50Hz со вклучување на инвертор во системот. На овој начин се овозможува на фотонапонскиот систем како потрошувачи да се приклучат уредите со стандарден мрежен приклучок (радио, ТВ, видео, музички систем, фрижидер, машина за перење, компјутер и сл.) Така нема потреба да се набавуваат уреди за домаќинство кои се специјално наменети за напојување од еднонасочен напон од 12 или 24 V. Инверторите тип SI-KON се целосно развиени и произведени во Сието и имаат 24 месеци гарантен период. Во табела бр.2 се прикажани моделите и техничките карактеристики на инверторите кои ги произведува Сието:

Високо ефикасни светилки

Поради важноста правилно да се искористи секој ампер произведена струја, Сието во објектите кои се напојуваат од фотонапонски панели вградува и високоефикасни светилки кај кои има минимални загуби во трансформацијата од електрична во светлосна енергија. Постојат два вида вакви светилки: високо ефикасни сијалици, модел LC, кои имаат стандардно грло за навртување во стандардно лежиште за 220 V (предвидени за напојување од 12V DC или 220V AC) и флуо светилки, модел SFS, со сопствена арматура, за самостојно вградување, со работен напон од 220V. Во табела бр. 3 се прикажани техничките карактеристики на LC и SFS високо ефикасните светилки.

SST 20 mikro

SST 20 mikro е фотонапонски систем за електрично напојување на рурални објекти со различна намена, викенд куќи и сл. Ова е систем на 12V кој обезбедува доволно струја за напојување на 3 високо ефикасни светилки. Вградениот акумулатор овозможува автономија од 3 дена.

Системот се состои од:
  • еден PV модул тип HT 245 – 20 W
  • еден регулатор на полнење тип SR-5
  • една светилка тип LC 7
  • две светилки тип LC 11
  • еден акумулатор SB 12 – 65 Ah
SST 100 mini

SST 100 mini е фотонапонски систем за електрично напојување на рурални објекти со различна намена, викенд куќи и сл. Ова е систем со батериски напон од 12V кој обезбедува доволно струја за напојување на 4 светилки, радио и ТВ приемник. Инверторот овозможува во системот да се вклучат 2 светилки и радио и ТВ приемник кои нормално работат на 220V. Вградениот акумулатор овозможува автономија од 3 дена. Системот се состои од:
  • два PV модула тип HT 500 – 50 W
    (или еден модул PW 1000 – 100 W)
  • еден регулатор на полнење тип SR- 10 / 12 V
  • две светилки тип LC 11
  • две светилки тип SFS 18
  • еден акумулатор SB 12 – 130 Ah
  • инвертор тип SI – KON 500
SST 600 midi

SST 600 midi е фотонапонски систем за електрично напојување на помали куќи, рурални објекти со различна намена, викенд куќи и сл. Ова е систем со батериски напон од 24V кој обезбедува доволно струја за напојување на 10 високо ефикасни светилки, радио приемник, ТВ приемник, музички систем, компјутер и фрижидер од 50 литри. Инверторот го трансформира еднонасочниот батериски напон во наизменичен и овозможува сите потрошувачи да се напојуваат со стандарден напон од 220V/50 Hz. Вградените акумулатори овозможуваат автономија од 3 дена. Системот се состои од:
  • шест PV модула тип PW 750 – 90 W
  • два регулатора на полнење тип SR – 10 / 24 V
  • шест светилки тип SFS 18
  • четири светилки тип SFS 36
  • четири акумулатори SB 12 – 180 Ah
  • инвертор тип SI - KON 2.2
Се надевам дека разјаснивме многу работи во врска со фотонапонските системи. Вградете еден и уживајте во еколошка и бесплатна електрижна енергија. За повеќе информации и набавка обратете се до фирмата СИЕТО, тел. 02/2601-486 ; www.sieto.com.mk

 

Другите за нас: