АЛТЕРНАТИВНИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА


Благодарение на својата географска положба Република Македонија изобилува со бесплатна сончева и ветерна енергија дадена од природата. Во контекст на нашите заложби за зачувувањето на животната средина и природните ресурси ги препорачуваме следниве алтернативни извори на енергија.

 

Енергија од Сонце

Како најдобро решение за Вашите соларни системи СИЕТО Ви ги препорачува следните типови на фотонапонски панели од поликристален силициум за производство на електрична енергија.

Панелите се придружени со фабричка гаранција на квалитет од 11 години, и гаранција на ефикасност на келиите од 25 години.



 

 

 

 

 

PL
PLX
Max power (Wp)
140
195
200
205
220
Max tolerance (W)
0 / +5
0 / +5
0 / +5
0 / +5
0 / +5
Umpp (V)
17,7
24,47
24,95
25,4
33,8
Impp (A)
8,07
7,97
8,02
8,07
8,22
Dimensions (cm)
150 x 70 x 4
150 x 100 x 4

 

Ветерна енергија


Како најдобро решение за Вашите системи од ветерна енергија СИЕТО Ви ги препорачува следните ветерни турбини (wind генератори):

 

1. ВЕТЕРНА ТУРБИНА VT 200

За места со мали брзини на ветер ги препорачуваме турбините VT-200. Се изработуваат за напон од 12V.

 

 

Стартната брзина на ветер при која генераторот почнува да дава струја е 2,8m/s. Номиналаната моќност при 12m/s е 200W, додека максималната моќност е 300W. Месечното производство на струја при 5,4m/s изнесува околу 40KWh. Дијаметарот на перките е 1,20m, а се произведуваат со 5 или 6 перки. Тежината на овој тип wind генератори е 11kgr. Монтажата е лесна и едноставна а одржувањето не е потребно, бидејќи самата турбина има заштита од пренапон или преполнување на батериите со тоа што има вграден регулатор на напон во самото куќиште.
Овој тип на турбина е доволен за мали потрошувачи, како што се осветлувањето, радио, ТВ и др.



2. ВЕТЕРНА ТУРБИНА AIR 403

AIR 403 се едни од најпопуларните и наједноставни за употреба ветерни турбини (wind генератори) кои се идеални за места со средни и големи брзини на ветрови.
Ние Ви ги нудиме моделите AIR 403 LAND и AIR 403 INDUSTRIAL.

Се изработуваат за напони од и 48V. Номиналната моќност при 12m/s е 400W, додека максималната моќност e 600W. Месечното производство на струја при 5,4m/s изнесува околу 50KWh. Стартната брзина при која генераторот почнува да ги полни батериите е 2,8m/s. Малата тежина од 7kgr. и радиус на перките од само 1,15m го прават идеален за разни индивидуални и професионални примени. Wind генераторите се монтираат на метална цевка со дијаметар од 48mm. Електронскиот регулатор е монтиран во самото куќиште, а алтернаторот има полукружни магнети и намотки кои ја зголемуваат номиналната моќност за 30%, а на послаби ветрови и до 50%.
AIR 403 има вградена електронска кочница која автоматски ги успорува перките до споро и тивко вртење кога батериите се полни.



3. ВЕТЕРНА ТУРБИНА WHISPER W-100 , W-200 and W-500

За места со средни брзини на ветер како најисплатливи решенија Ви ги препорачуваме турбините: Whisper W-100; W-200; W-500.

 

W-100 е турбина со тежина од 21kgr. и дијаметар на перките 2,1m. Почнува да дава струја при стартна брзина на ветерот од 3,4m/s. Номиналната моќност при брзина на ветер од 12m/s изнесува 900W, а максималната моќност е 1000W. Месечното производство на струја при 5,4m/s изнесува околу 100KWh.
W-200 е турбина со тежина од 30kgr. и дијаметар на перките 3m. Почнува да дава струја при стартна брзина на ветерот од 3,1m/s. Номиналната моќност при 12m/s е 1000W, а максималната моќност е 1300W. Месечното производство на струја при 5,4m/s изнесува околу 200KWh.

W-500 е турбина со тежина од 55 kgr. и дијаметар на перките 4,3m. Почнува да дава струја при стартна брзина на ветерот од 3,1m/s. Номиналната моќност при 12m/s е 3000W, а максималната моќност е 3300W. Месечното производство на струја при 5,4m/s изнесува околу 500KWh.

Whisper турбините имаат куќиште изработено од висококвалитетен алуминиум, дизајнирани се со 3 перки во кои е инјектиран растопен зајакнат фибер. Поседуваат алтернатор со перманентен магнет без четкици. Во овие турбини е вграден и аголен управувач кој при јак ветер се придвижува во страна вртејќи ги алтернаторот и во насока на ветерот но со помала изложеност на директен удар. Со ова се овозможува турбинате да достигнат максимална моќност при секаков вид ветер. Поради добрата конструкциска изведба овие турбини немаат потреба од посебно одржување. Овој вид на турбини спаѓаат во т.н. “тивки турбини” што ги прави погодни за монтажа во населени места

 
Модел
VT-200
AIR403
W-100
W-200
W-500
Работен напон
12V
12/24/48V
12/24/48V
12/24/48V
24/48/220V
Стартна брзина на ветер
2,8m/s
2,7m/s
3,4m/s
3,1 m/s
3,1 m/s
Номинална моќност при 12м/с
200W
400W
900W
1000W
3000W
моќност
300W
600W
1000W
1300W
3300W
Месечно производство при 5,4m/s
40KWh
50KWh
100KWh
200KWh
500KWh
Дијаметар на перки
1,20m
1,15m
2,1m
3,0m
4,3m
Тежина
11kgr
7kgr.
21kgr.
30kgr.
55kgr.

 

Дополнителна опрема


PV Регулатори на полнење


 



SR 20

За регулација на излезниот напон и струја од соларните панели се користат регулатори на полнење тип SR. Овие регулатори се од најновата генерација, со MPPT (maximum power tracking) алгоритам на работа. Работат на принцип на импулсно - ширинска модулација, имаат температурна компензација и со помош на MPPT алгоритамот ја зголемуваат струјата на полнење во батериите до 30% повеќе од класичните регулатори. SR регулаторите се целосно развиени и произведени во СИЕТО.

 

Модел
SR5
SR10
SR20
SR30
Номинален напон
12V
12/24V
12/24V
24V
Максимална влезна струја
5A
10A
20A
30A
Максимална излезна струја
6,5A
13A
26A
39A

 

Инвертори

 

Во поголемите системи се практикува еднонасочниот батеиски напон да се трансформира во стандарден наизменичен напон 220V/50Hz,со влкучување на инвертор. Овој начин им овозможува на фотонапонскиот систем како потрошувачи да се приклучуваат уредите со стандарден мрежен приклучок (радио, ТВ, видео, музички систем, фрижидер, машина за перење, компјутер и слично). Инверторите SI-KON се целосно развиени и произведени во СИЕТО.

 

Invertor SI-KON 2.2

SI-KON 500

 

Модел

SI-KON 200

SI-KON 500

SI-KON 2.2

Номинален батериски напон

12V

12/24 V

24 V

Излезен напон

220 V / 50 Hz

220 V / 50 Hz

220 V / 50 Hz

Номинална излезна моќност

200 W

500 W

2200 W

Максимална излезна моќност

250 W

600 W

2500 W

 

Високо ефикасни светилки 

 

Поради важноста максимално да се искористи секој ампер произведена струја, во објектите кои се напојуваат од алтернативни извори, вградуваме високоефикасни светилки кај кои има минималмни загуби во трансформацијата од електрична во светлосна енергија.

За внатрешно осветлување се користат моделите од сериите SFS и LC. Двете серии користат стандардни фулоцевки. За запалување на цефките се користи електронска пригушница која врши модулација на гасот со високофреквентна струја.

За надворешно осветлување на улици, паркови, шеталишта и игралишта се користат светилките од серијат SLS. Светлосниот елемент кај овој модел е високоефикасна LED диода. Во моделот SLS 9 (кој е во облик на фенер) се вградени LED диоди со вкупна моќност од 9 W , а во моделот SLS 6 ( кој е во облик на рефлектор) се вградени LED диоди со вкупна моќност од 6 W . Двата типа LED светилки се намети за монтажа на канделабри со фотонапонски панели.

 

 

model SFS 18 i SFS 36

 

model SLS 9 i SLS 6

 

model LC 7 i LC 11

 

Модел

LC 7

LC 11

SFS 18

S F S 36

SLS 6

SLS 9

Напон на напојување

12V

12 V

220 V

220 V

12 V

12 V

Моќност

7W

11 W

18W

36 W

6 W

9 W

Еквивалент на стандардна сијалица

40 W

60 W

75 W

90 W

60 W

90 W

 

Електронски пригушници

 

 

EL-BA 2.0 e електронска пригушница за стартување на флуо-светилките.

Пригушницата овозможува брзо палење на светилките при што го модулира гасот во светилката со струја со фреквенција од 30-40 KHz со што се постигнува максимална осветленост со минимална потрошувачка на струја. Работниот напон на пригушницата е 220 V +/-20%.