Фотонапонска централа Сончев Парк Кадино 2

Фотонапонската централа Сончев Парк Кадино 2 е втора сончева централа во сопственост на СИЕТО ДОО. Централата е со инсталирана моќност од 33,5 kW. Инсталирани се вкупно 134 фотонапонски панели со поединечна моќност од 250 Wp, производ на Yingli Solar. 94 од овие панели се монтирани на полуфиксна метална конструкција со можност за мануелно сезонско менување на аголот на насоченост кон Сонцето, а 40 се монтирани на 10 тракери со автоматско насочување кон најсјаната точка на небото. Тракерите и управувачката електроника се производ на СИЕТО. За трансформација на еднонасочната струја добиена од панелите во наизменична, се вградени 2 инвертори, модел STP 17000 TL од производителот SMA. Очекуваното годишно производство од ФЕЦ Сончев Парк Кадино 2 изнесува околу 53 MWh.

По обезбедувањето на градежна дозвола, статус на привремен повластен производител, како и обезбедување привремена лиценца, се започна со изградба на централата.

Градежно-земјените работи започнаа на 05.02.2014.


Ископ на земја и шалување стопи за фиксната конструкција


Армирање на стопите и фиксирање на носачите за тракерите


Бетонирање на стопи


Изглед на плацот со бетонирани стопи


Поставување на контејнерот за систем-сала


Монтажа на полуфиксната конструкција


Монтажа на тракерите


Идната централа веќе се наѕира


Систем сала и панели кои обезбедуваат струја за сопствена потрошувачка


Инвертори во систем-салата


Централата е целосно завршена на 01.03.2014


Конечен изглед на тракерите


Фотонапонската централа Сончев Парк Кадино 2 официјално започна да предава електрична енергија во дистрибутивниот систем на ЕВН на 09.06.2014