Станете сопственик на сончева електрична централа

Дозволете да Ви изградиме сончева електрична централа од фотонапонски панели по принцип клуч на рака. Целокупниот систем се состои од:

  1. Фотонапонски панели
  2. трифазни инвертори
  3. DC пренапонска и струјна заштита во спојни ормарчиња
  4. Спојна и заштитна опрема за синхронизација
  5. AC и DC мерна и  заштитна опрема во систем сала
  6. Ожичување на системот
  7. Изведба на заземјување
  8. Градежно земјени и бетонски работи
  9. изработка на метална носечка конструкција за фотонапонските панели со сезонско менување на аголот на насоченост кон сонцето
  10. Мерење на заземјување и обезбедување на АТЕСТ
  11. Обезбедување фирма за надзор која ќе го врши надзорот на градба и ќе ја потпише употребната дозвола за централа

Во цената на изградба на централата исто така е вклучено

  • инсталација на софтвер за евиденција и архивирање на  податоците за целокупната работа на централата
  • 24  часовен мониторинг web ориентиран преку мониторинг центарот  на производителот на инверторите SMA – Германија - опција
  • Целосна логистичка подршка при вадење на сите документи потребни за работа на централата на општинско и државно ниво
  • Помош при изработка на бизнис планот за во банка
  • Обезбедување ( и плаќање) на надзорен инжинер кој ке ја контролира изградбата и ке го потпише завршниот извештај за пуштање во работа на централата
  • Обезбедување ( и плаќање) на АТЕСТ за заземјување со мерење на отпорот и издавање потврда која е потребна за добивање на согласност за приклучок кон ЕВН

Допoлнително Ви нудиме

  1. Обезбедување потребна документација за пренамена од земјоделско во градежно земјиште со ЛУПД
  2. Изработка на проектна документација составена од идеен проект, основен проект, со фази архитектура, статика, електрика со вклучена предфизибилити студија за дадената локација и изработка на еколошки елаборат.
  3. Ревизија на проектот.

 

Дознајте повеќе